Trash Fashion – модна ревија во СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп

Во текот на вчерашниот ден во СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп по втор пат се одржа традиционалната модна ревија Trash Fashion, со креации изработени од стара драперска облека. Модната ревија беше под мотото секогаш да има љубов и среќа, а да нема војни, инспирирано од актуелните воени ситуации во Украина и во појасот Газа во Израел, а на истата се преставија 14 тимови по креации од училиштето.

Целокупната организација и изработката на креациите за овој настан траеше околу еден месец.

Наташа Мирческа професор во училиштето и еден од организаторите на овој настан изјави дека модната ревија е изработена од стара драперска облека и дека е организирана по повод денот на животната средина 5 јуни.

„Овој настан втора година по ред го организираме во нашето училиште под името треш фешн и се одржува на Денот на животната средина 5 јуни. Учениците тимски собираа материјали кои се реупотребливи, а од нив иразботуваа најразлична облека и модни додатоци од разни видови на стара драперска облека. Темата од која што учениците добиваа идеи за креации е од Хипи стилот, кој се карактеризира со носење на широка облека. Закличокот кој што ни го дава овој настан е да нема војни и секогаш да има мир и слога во целиот свет.“, изјави Мирческа.

Имено, на настанот беа доделени три глави и седум дополнителни награди, а наградите беа доделени од страна на жири комисијата која беше во состав на професорите Марта Макеска-Кузмановиќ, Наташа Мирческа и Здравка Најдоска.

Наградите беа доделени по следниов редослед:

  • прва награда доби Јана Чергоски
  • втора награда доби Доротеа Илиеска
  • третата награда и припадна на Јана Пирганоска

Дополнителни награди добија Марија Јовеска, Фиона Зајкоска, Тамара и Евгенија, Теодора Јошеска, Христина, Адреа и Анастасија, сите ученици во училиштето и учесници на модната ревија. Наградите на учениците учесници на ревијата им ги додели директорот на училиштето Жанета Видевска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи