Членовите на „МАРКОВИ ТОЧАКЏИИ“ Филип Илиоски, Влатко Крстески и Христијан Мојсоски и официјално го започнаа предизвикот „Tour de Suisse“, со старт од Циришко езеро, чија крајна дестинација ќе биде Прилеп. Првата етапа од турата долга преку 2.000 километри, до предвидената локација во Saas Kloster беше успешно реализирана. Денес следува втората етапа каде екипата ќе треба да ја искачи најголемата елевација во текот на турата, односно превојот Fluella pass со 2385 метри надморска висина, по што се упатуваат кон Италија.
Среќно момци, ветар во грб!
203