Џудо клубот СЕИШИН-Прилеп со одлични резултати на 2 фронта!

Изминатиов викенд, 8 и 9 јуни членовите на Џудо клубот СЕИШИН -Прилеп се бореа на два фронта. Една екипа учествуваше на Меѓународниот турнир во Велико Градиште – Србија на “10 ти Куп Сребрено ЈЕЗЕРО” а додека другата екипа зеде учество на Меѓународниот Турнир “Струга Опен” кој  се одржа во Охрид.

На 08.06.2024 во Велико Градиште Србија се одржа 10 ти Меѓународен турнир во џудо Куп на Сребрено ЈЕЗЕРО 2024. На овој турнир кој се одржува два дена, првиот ден  настапија околу 285 натпреварувачи од 5 држави ( Србија, Данска,Русија, Романија и Македонија). Џудо клубот СЕИШИН -Прилеп настапи со 5 натпреварувачи а освоени се 4 медали ( 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен медал).

  1. Тамара Илиоска 1 во место
  2. Марко Ацески 2 ро место
  3. Јана Ангелески 2 ро место
  4. Теодора Илиоска 3 то место

Одлични борби прикажа и Благојче Мантароски, но не избори место на пиедесталот. Екипата ја водеа Мартин Ристески и Киро Здравески.

На ден 09.06.2024 година во Охрид се одржа 9-от Меѓународен турнир во џудо “Струга Опен-2024”. На овој турнир учество зедоа околу 520 натпреварувачи од 46 клубови, преставници на 12 држави.

ЏК СЕИШИН -Прилеп зеде учество со 15 натпреварувачи, а освоени се вкупно 8 медали (3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени)

  1. Софија Ѓорѓиоска 1 во место
  2. Илиоска Тамара 1 во место
  3. Илиоска Теодора 1 во место
  4. Матеја Николоска 2 ро место
  5. Владан Стрезоски 2 ро место
  6. Елдина Пупаловиќ 3 то место
  7. Ајла Јеина 3 то место
  8. Бисера Јовеска 3 то место

Добри борби прикажаа и останатите членови, но не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи