Прилепска Пиварница одбележа 100 години со спектакуларен настан



За да го одбележи својот 100-годишен успех, Прилепска Пиварница вчера организираше настан во хотелот „Мериот“. Компаниите во Македонија што се фалат со стогодишнини се реткост, а брендовите со повеќевековно присуство на пазарот се уште поисклучителни. Меѓу овие неколку се вбројува и Прилепска Пиварница, светилник на традицијата и на квалитетот во пиварската индустрија.

Сто години Прилепска Пиварница е доказ за работата, посветеноста и издржливоста низ променливи времиња, заработувајќи трајна лојалност од своите клиенти и индустријата. Вечерта беше проследена со среќа и носталгија, затоа што со прикажувањето на краткиот документарен филм, присутните веднаш тргнаа на патување низ времето прославувајќи еден век на пресвртници, иновации и спомени. Забава во живо приредија познатите ѕвезди Калиопи и Тони Цетински, а за смеењето беше задолжен Сашко Коцев со стенд-ап настап.

 

„Најубавото од сè е што приказната сè уште трае и некои други генерации ќе продолжат да ја раскажуваат и по нас. Возбудата вечерва со самото тоа е уште поголема кога денес, вака собрани, сме современици на еден настан за кој работеле и живееле толку многу генерации, а ние ја имаме честа да сме современици на овој јубилеј! И на следниот од наредни 100 години ќе бидат сосема некои други лица, кои сега не се ни родени“, рече господинот Сашко Самарџиоски.

 

„Денес им оддаваме почит и на визионерските основачи, кои ги поставија темелите на нашата пиварница пред еден век (нивни потомци се присутни овде, во салава). Нивната непоколеблива визија и страст го обликуваа нашето патување и наследство. Тие продолжуваат да нè инспирираат додека го носиме нивното наследство напред во иднината“, изјави госпоѓата Панде Самарџиоска.

Приказната за Прилепска Пиварница започнува уште во далечната 1924 година и тоа ја прави една од најстарите пиварници на Балканот. Она што претставува заштитен знак на пиварницата е висококвалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сè до Tuborg и Carlsberg, Holstein, 1664 Blanc и Somersby, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивен дистрибутер е Прилепска Пиварница, која го произведува и култниот освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Увозник е на Lipton Ice Tea, како и овластен увозник за производите од познатиот бренд „Књаз Милош“ од Србија, меѓу кои: газираната вода Књаз Милош, негазираната вода Aqua Viva, енергетскиот пијалак Guarana и негазираните овошни сокови Tube, a пиварницата е и увозник на алкохолните пијалаци St. Nicolaus.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи