Претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во изведба на ансамблот на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица е победник на годинешниот 58-ми МТФ „Војдан Чернодрински“. Одлуката ја донесе Жири комисијата во состав од: Марина Миливојевиќ – Маѓарев, како претседател и членовите Марина Катниќ – Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ.
„Претставата за која зборуваме за мене лично како глумец и како човек од театарот предизивика едно посебно и автентично доживување на овој Фестивал и мислам дека е значајно тоа да се награди и да се спомене дека се она што го кажѓа Марина дека се тука беше складно. Не знаевме кого не би го наградиле од таа претстава, прекрасни актерски улоги, прекрасни машки улоги и изврсно складна музика која е важен елемент во оваа претстава. Таа сценографија која беше така интересна и чиста, сето тоа не наведе да на оваа претстава и ја дадеме наградата“, истакна Марина Миливојевиќ – Маѓарев, претседател на жири комисијата.
„Она што сметаме дека е значајна вредност на таа претстава е тоа што таа има обединет и хармоничен односно спрема сите елементи на претставатаа и сценографијата одговара во стилот на претставата, глумата е прилагодена со стилот на претствата, режисерската постапка е јасна, но ненаметлива и она што исто така сметавме дека е значајно е тоа дека колку тие беа професионални и не се занимаваа со техничките проблеми кои ги имаа, туку играа со полно срце и многу одлучно ја водеа својата претстава“, додаде Марина Катниќ – Бакаршиќ, член на жири комисијата.