ВИДЕО – Стојаноска: „Војдан Чернодрински“ продолжува да се бори да биде единствениот значаен традиционален театарски фестивал во Македонија

Според уметничката директорка на Фестивалот, Ана Стојановска, ова издание на Војдан Чернодрински поминало одлично и дека следното издание ќе биде уште подобро, како и тоа дека Фестивалот го следи своето мото „Промени се, промени сѐ.

„Можеби само со мали чекори сме некако сега на почеток, верувам дека и токму тие мали чекори ќе придонесат да отидеме уштѕе подалеку. Секогаш кога се прави промена има малку отпор, добро ни е во оваа комфорна зона во која што сме, сега има неколј таму што не тера малку повеќе да работиме па ни дава некои принципи на работа, па инсистира на професионалност, како што беше сега мора точно во 12 часот да ги слушнете резултатите на жирито, ковертот е затворен и не се отвора. Сметам дека тоа покажува колку Фестивалот должи на својата традиција и интегритет и колку и понатаму продолжува да се бори да биде единствениот значаен традиционален театарски фестивал во Македонија“, истакна Ана Стојановска,уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Вечер фестивалот ќе биде затворен со концерт на Добрила и Доријан Дуо, а ќе биде соопштена и наградата од публиката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи