Жири комисијата на педесет и осмиот Македонски Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во состав од: Марина Миливојевиќ – Маѓарев, претседател и членовите Марина Катниќ – Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ ги доделува следните награди:
- Награда за рекламен материјал се доделува на НУ Македонски народен театар Скопје и Зоран Кардула за рекламниот материјал од претставата „Иванов“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје.
- Награда за кореографија и сценски движења се доделува на Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан за кореографија и сценски движења во претставата „Иванов“ во изведба на НУ Македонски народен театар Скопје.
- Награда за музика се доделува на Ристо Вртев за музиката во претставата „Дупло дно“ во изведба на ну театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
- Награда за костимографија се доделува на Симон Мачабели и Раде Василев за костимите во претставата „Едвард Втори“ во изведба на НУЦК театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
- Награда за сценографија се доделува на Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска за сценографијата во претставата „Иванов“ во изведба на НУ Македонски народен театар.
- Награда за современа сценска драматизација и адаптација се доделува на колективот на претставата „Франкенштајн“ за драматизација и адаптација на текстот „Франкенштајн“ во претставата „Франкенштајн“ во изведба на Театар за деца и младинци – Скопје.
- Награда за современ драмски текст не се доделува.
- Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ се доделува на Григор Јовановски за улогата на Љвов, Евгениј Константинович во претставата „Иванов“, а во изведба на ну Македонски народен театар.
- Награда за младa актеркa се доделува на Јована Миладинова за улогата на Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“, а во изведба на НУЦК театар „Јордан Хаџи Контантинов – Џинот“ Велес и Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
- Награда за женска епизодна улога се доделува на Анкица Бенинова за улогата на Сања во претставата „Црна дупка“а во изведба на НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
- Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се доделува на Ѓорѓи Јолевски за улогата на Лебедев, Павел Кирилич во претставата „Иванов“, а во изведба на НУ Македонски народен театар Скопје.
- Награда за главна женска улога се доделува на Дарја Ризова за улогата на Саша во претставата „Иванов“, а во изведба на НУ Македонски народен театар Скопје.
- Награда за главна машка улога се доделува на Васил Михаил за улогата на Силјан во претставата „Црна дупка“ а во изведба на НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
- Награда за режија се доделува на Зоја Бузалковска за режијата во претставата „Иванов“ во изведба на НУ Македонски народен театар Скопје.
- Награда за уметничко остварување на претставата во целина се доделува на ансамблот на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица за уметничко остварување во претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
- Доделуваме специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од НУ Народен театар Битола.
148