Крајот школската година и почеток на училишниот распуст Општина Прилеп повторно го означи со интересната и оригинална манифестастација „Палачинкијада“ на која на сите присутни ученици од основните и средни училишта на Паркот на Револуцијата им беа поделни околу 1.200 благи палачинки како и лимунада.
„На симболичен начин да им се посака на сите наши основци и средношколци кои ја завршуваат школската година да имаат еден убав летен распуст и в година со нови сили во нови победи“, рече Снежана Ристеска, советник за култура во Прилеп.
„Со овој сладок настан го прогласуваме започнувањето на летниот распуст, каде сите дечиња полнејќи ги батериите ќе можат од септември да покажат повторно интерес и ќе ги исполнат училишните дворови“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Беа прогласени и првенците на генерации од сите основни и средни училишта во Причеп на кои им беа поделени благодарници и дипломи.
„Големо задоволство ми е вистина, цел мој труд што го посветив последниве 2-3 години многу се покажа, се исполни.
Сега каде понатаму?
Гимназија, математичка А, смер за физика и информатика“, истакна Нина Самарџиоска, првененец на генерација од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.
„Им се заблагодарувам на наставниците кои ни пружија големи знаења.
Каде понатаму сега во средно?
Понатаму во гимназија.
Зошто баш гимназија?
Затоа што се уште не сум определен за иднината, што ќе бидам точно, па затоа ја одбирам гимназијата“, вели Бојан Мацов, првененец на генерација од ООУ „Страшо Пинџур“ – Мало Коњари.
„Навистина ова е една голема чест да се присуствува на една ваква манифестација и да се биде првенец на генерација. Би се заблагодарила на сите наставници кои нас ни пружија огромни знаења“, додаде Ева Кочоска, првененец на генерација од ООУ „Страшо Пинџур“ – Мало Коњари.
„Се чувствувам одлично и феноменално како првенец на генерација, искрено трудот и учењето ме донесоа до ова ниво каде што сум денеска. Во иднина се гледам како успешен судија“, рече Антониа Трајчева, првененец на генерација од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.
„Чувството е неопишливо, многу сум возбудена и нормално сум благодарна на сите наставници кои работеа макотрпно со мене овие 9 години. Планирам да се запишам во медицинското училиште СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп, како фармацевтски техничар“, потенцираше Михаела Богеска, првененец на генерација од ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.
Настанот беше потпомогнат од бизнис секторот во Прилеп и дел од јавните институции.