Потребно е да се симнат табуата и мажите многу почесто да прават лекарски прегледи. Прашањето за машкото здравје се уште се гледа низ призмата на стреотипите и мажите многу ретко зборуваат за своите здравствени проблеми, а уште поретко сакааат истите да им ги решат лекарите. Ова беше потенцирано денеска во Прилеп на неделата на машкото здравје која се одбележува од 11 до 16 јуни. Беше упатен повик мажите почесто да ги посетуваат лекарите и да прават прават редовни прегледи.
„Досега искуството кажува дека многу повеќе иницијативи за зачувување на здравјето се спроведуваат кај женската популација, мажите некако како да ги заборавивме. Во оваа стереотипна машкост во која што се живее денес, мажите ги воспитуваме погрешно, да ги кријат своите емоции, да не кажуваат многу за своите емоции, за она што го чувствуваат, но не можеме да говориме за физичко здравје доколку немаме здрава психа. Затоа тука мажите да ги адаптираме, повеќе да разговараат со своите пријатели, со своите партнерки, со своето семејство, се она што ги тишти, доколку имаат потреба и да се обратат на психолог, затоа што она што ги тишти може да се одрази негативно врз нивното физичко здравје“, истакна Петра Лукароска, претседателка на здружението „Филип Лукароски“.
Единствен месец кој засега се посветува на машкото здравје е месец ноевмри или познатиот мовембар, но упатените во овие ситуации велат дека ваквите едукативни настани треба ги има многу почесто затоа што според сите статистики рапидно се зголемувал бројот на мажи заболени од карцином.
„Да бидат свесни за некоја промена доколку настини и веднаш да се обратат, да побараат помош, да го запознаат своето тело, само на тој начин ќе знаат да ги препознаат проблемите. Да посетуваат редовно превентивни прегледи, да конзумираат здрава храна, повеќе вода, повеќе пешачење, да прават самопрегледи на своето тело, самопрегледи на тестиси, оти е многу битно доколку се воочи некоја промена навреме да се реагира“, додаде Лукароска.
Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ од Прилеп пред неколку денови издаде и прирачник посветен на заштита на машкото здравје.