Денес во Велес се одигра второто коло од одбојкарската лига за ветерани. Во интересен натпревар прилепската екипа „11 Октомври“ ја забележа својата втора победа од исто толку натпревари.
Денес е победена екипата на Гевгелија со 2:0 во сетови со што ја остава нашата екипа на 100 % учинок.
За екипата на „11 Октомври“’ настапија: Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Зоран Пилоски, Мартин Наумоски, Николче Димовски ,Петар Толески и Гоце Бурнески. Во улога на тренер на екипата беше Дејан Димоски.