ВИДЕО – Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Рид крајот на учебната година го одбележаа со завршен музичко–сценски настан


Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ од населбата Рид во Прилеп традиционално, крајот на учебната година го одбележаа со завршен музичко – сценски настан. Целта на настанот е пред публиката и родителите дечињата да покажат што научиле преку целата година.

„Покрај задолжителните предмети, редовните настани и програми кои ги реализираме, секогаш посветуваме внимание на нивните таленти, нивната креативност, нивните способности и вештини и сакаме да ги прикажеме пред нашата публика“, истакна Каролина Тренеска, наставничка во ООУ „Кочо Рацин“ Рид – Прилеп.

Учениците подолг период се подготвувапе за да преку игра, забава, музика, рецитали и дружење ја пренесат својата порака на љубoвта.

„Јас се викам Јована и учам во ООУ „Кочо Рацин“ Рид и имама 7,5 години. Ние сега ќе ја претставиме точката „Вака Вака“, потоа и „Еј Татковино“. Интересно беше многу додека вежбавме. Ние сме 19 деца во нашата група“, рече Јована Јорданоска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ Рид – Прилеп.

 

„Јас се викам Благој и сум второ одделение и имам 7 години и учам во ООУ „Кочо Рацин“ Рид и учествуваме во „Вака Вака“ и „Ние децата“, додаде Благој Николоски, ученик во ООУ „Кочо Рацин“ Рид – Прилеп.

 

„Јас се викам Анисија Тренеска јас сум трето одделение, многу беше интересно додека вежбавме со другарчињата. Ние ќе се претставиме со точката „Овошна караница“, „Чистотија“ и еден танц“, кажа Анисија Тренеска, ученичка во ООУ „Кочо Рацин“ Рид – Прилеп.

 

„Јас сум Илија Атанасоски и имам 8,5 години сум второ одделение и учествувам во многу точки. Подготвивме точка „За сите деца“, рецитали, танц и други“, рече Илија Атанасоски, ученик во ООУ „Кочо Рацин“ Рид – Прилеп.

 

„Тие ќе покажат како умешно пеат, танцуваат, ќе ги покажат своите драмски способности и за прв пат оваа година дечињата ќе се обратат на нивните другарчиња кои се глувонеми, односно имаме една точка подготвена на знаковен јазик со која што сакаме да испратиме порака дека сите сме исти е дека секогаш љубовта треба да биде универзалниот јазик на кој што зборуваат децата“, потенцираше Каролина Тренеска, наставничка во ООУ „Кочо Рацин“ Рид – Прилеп.

На оваа манифестација учествуваа над 40 ученици од второ и трето одделение.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи