Второто издание на „Од 0 до Култура“ во Прилеп започнува на 27 јуни со The Four

Во организација на „Прилеп Култура“ од 27.06 до 22.08.2024 година во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Од 0 до Култура“. Настанот како и минатата година планирано е да се одржи на камената бина, пред споменикот на Александар Македонски.

„Овој проект е замислен за елементарно музичко и културно описменување на граѓаните на Општина Прилеп, како и презентација на млади музичари од општината и Р. Македонија за нивна промоција.

Музиката е еден од најважните сегменти за развој на секоја личност, посебно на младите граѓани на нашата општина кои допрва треба да бидат активни учесници во социјалниот живот во општината. За жал сведоци сме дека во последните години, освен со повремени исклучоци, тоа што се сервира како музика во општината најчесто во кафулињата низ градот, за жал е докажан шунд кој нема никаква музичка, а уште помалку културна вредност со која нашите граѓани би станале подобри личности за себе, и со тоа и за сите останати граѓани на општината. Значењето на слушањето на квалитетна музика за однесувањето и за подобрувањето на психофизичкото здравје на граѓаните е докажано од реномирани когнитив бихевиорални психолози, како и клинички психијатри на врвни универзитети низ светот и мислам дека дополнително не би требало да се дебатира за значењето на истиот. Затоа ние како општина треба да се потрудиме во најмала рака да им ги приближиме вистинските вредности на нашите граѓани.

Втора позитивна работа од овој проект што би произлегла е промоција на локални млади музичари, како и мала помош за дополнителна промоција на веќе етаблирани музичари и мала финансиска помош на истите како потик од нашата општина.

Трета работа е за одреден временски период овој настан би добил на популарност од околните градови си тоа би се развивал и локалниот туризам, велат организаторите на оваа манифестација.

Проектот е осмислен на локални млади музичари или пак локални веќе етаблирани бендови да им даде за задача да направат програма во времетрање од 90 – 120 минути со песни од светската популарната поп и рок култура која имаат големо влијание за културна наобразба на секој човек како Beatles, The Queen, Sting, Bob Dylan, Depeche Mode, Pink Floyd, U2, R.E.M, Michael Jackson итн, итн, со тоа што би биле тематски вечери за промоција на вакви великани на музиката кои се наградувани дури и со нобелова награда да им се презентираат на помладите, односно еден дел од вечерта би била посветена исклучиво на еден музичар, односно група , а вториот дел од вечерта бендовите би свиреле авторски песни и песни од останати групи, односно музичари“, велат организаторите.

Второто издание од овој проект започнува со прилепскиот бенд The Four, кои што својот настап ќе го посветат на Меморија и Каролина Гочева. Инаку, станува збор за бенд кој изведува кавери на познати хитови од македонската и екс – ју сцена, како и популарни странски хитови. Настапува во кафетерии, ланџ барови и ноќни клубови во Прилеп и во градовите низ Македонија, а особено е популарен во соседна Битола. Од основачите на бендот денес во составот се Даниел Павлоски, вокал и Душко Темелкоски, клавијатури. Други членови се Рубин Димкоски на гитара и Филип Бурнески на тапани. Од 2022 година во бендот се приклучува Теодора Зероска Тодороска како вокал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи