198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (14/15/16.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 13 мерки за непрописно паркирани возила, 17 мерки за некористење на заштитна кацига -шлем…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи