Членовите на прилепското Здружение на велосипедисти „МАРКОВИ ТОЧАКЏИИ“ во Филип Илиоски, Влатко Крстески и Христијан Мојсоски јз извозија втората етапа од Крањ до Белчрад од нивниот голем подвиг насловен „Tour de Suisse 2024“. Имено тројцата на 9-ти овој месец тргнаа со велосипеди од Циришко Езеро односно од Швајцарија преку Алпите преминаа во Италија, продолжија кон Австрија, Словенија, Хрватска, па денес да завршат во Србија.
Досега имаат изминато 1.280 км. а до Прилеп и, остануваат уште 550. Денес во Белград ќе прават еден ден пауза. Првата релација од оваа втора етапа – од Крањ до Самобор им беше во должина од 160 км. Потоа од Самобор продолжија кон Нова Градишка во должина од 178 км каде што после дождот и ладното време во Словенија, во Хрватска ги пречека екстремно топло време со температури до 36 °C. Од Нова Градишка возајќи 165 км. стигнаа до Шид и влегоа во Србија која е 6-та држава од предвидените 7 во агендата. Последниот ден од втората етапа беше Шид – Белград, во должина од 116 км., најтоплиот ден од сите досега извозени.
149