„Докажавме зошто сме со најдобрите“ – Огромен успех на „Dance studio New Generation“ на Светското првенство во Будимпешта



Прилеп и „Dance studio New Generation“ докажаа зошто сме со најдобрите во светот, испишавме историја за нас, за Прилеп, за Македонија, искажано со големи емоции ова беа првите зборови на тренерот Оливер Богојевски. Имено од 12 до 16 јуни во Будимпешта, Унгарија, се одржa Светското првенство во модерни танци WDA 2024.  На ова првенство настапија и прилепските амбасадори од студиото NEW GENERATION, и тоа со 30 свои учесници.

„Тоа беше вистински спектакл прекрасна коректна публика, секој за секого навиваше и со право да уживаш во сите кореографии. Имаме да се пофалиме со доста високи места :

Продукција или по натпревари формација 048 D.S.N.G  3 високо место со водстство, КИДС ДЕНСЕРС екипата мали Нина, Софија ,Михаела, Теона и Јована многу многу добри во голема конкуренцијаа го освоа 4 место.

Во соло хип хоп исто така високи позици. Нина 5 место, Михаела 6 место, Мидеа 7 место, Теона 8 место, Софија 9 и Јована 10.

Трио Сара, Мила и Георгина 4 место и Мила 4 место во Хип Хоп  Сара 5 место и Георгина 7 место.

Во најголемата конкуренција во хип хоп соло тин Стефани Димковска го освои 7 место.

Во хип хоп соло кидс 5 место за Илина Ризовска,  6 место  за Јана Јованоска, 7 за Јана Николоска, 8 место за Дариа Ангелеска 

Дуо Андреа Мицеска и Исидоара Петреска го освоја 4 место во соло хип хоп јуниор.

Магдалена Еленоска и Ивана Богојевска 5.место во Хип соло, а имаме и други високи позици…“, изјави Богоески.

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи