На 21.06.2024 во 22.30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода С.К. (28) од Прилеп.
„Имено, претходно таа пријавила дека била физички нападната од К.Н. од Прилеп, а при интервенција на полициските службеници таа физички нападнала еден од нив. С.К. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од СВР Битола.