Премиум ракија Kavadion од дестилерија Kitvin, Кавадарци, преточена во луксузно шише од 0,7L, од денес доаѓа промотивно со подарок – две брендирани чаши.
За сите кои сакаат да уживаат во суптилниот, а истовремено интензивен вкус, дестилерија Китвин успеа да создаде производ од сопствени лозови насади користејќи ја најсовремената технологија.
Премиум ракијата Кавадион е направена од внимателно селектираните бели сорти на грозје: Шардоне, Ризлинг и Викторија.
Се произведува со контролирана ферментација на вино без конзерванси и посебна умешност при дестилацијата.
Винските дестилати созреваат во француски дабови буриња во период од 24 месеци, што овозможува да се добие богат вкус и уникатна арома на ванила и портокал.
Содржи 40% алкохол и се одликува со златно-килибарна боја.
Пронајдете ја во Прилеп, само во Liquor Store!
204