ВИДЕО – Се изврши обдукција врз 8 месечното бебе кое во саботата почина при транспорт од Прилеп кон Скопје


По наредба на јавен обвинител од Основото јавно обвинителство во Прилеп денеска се изврши обдукција врз телото 8 месечното бебе кое во саботата попладнето почина при транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп кон комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според прилепската болница бебето било донесено од страна на родителите во исклучително тешка здравствена состојба, неухрането и било тешко само 3 кг. иако имало 8 месеци. По прегледот од страна на педијатар на детското одделение веднаш била донесена одлука тоа да биде препратено во Скопје. До тогаш родителите немале побарано друга лекарска помош за бебето.

Инаку бебето е фантом и нема извод од матичната книга на родените. Од прилепската болница велат дека патронажна служба не можела претходно да го посетува семејството и да ја знае здравствената состојбата на бебето затоа што тоа не било внесено во системот на државата.

Од Центарот за социјална работа во Прилеп велат дека ниту една институција досега не побарала помош од нив околу овој случај. Не се запознати дека имало запоставување на дете, ниту пак можеле да постапуваат по некој ваков случај ако за истиот нема пријава од физичко лице или некоја институција до нив како Центар. Без пријава за состојбата на семејствата кои се корисници на некоја услуга од кај нив единствено можеле да забележат нешто кога се правел годишниот редовен увид.

Што се случило точно со бебето и дали има затајување некаде во системот за да дојде до ваквата ситуација треба да покаже истрагата.

Инаку денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Ресен кое минатата недела почина 30 часа по породувањето и кое откако му се влошила здравствената состојба од битолската болницата беше испратено на Детската клиника во Скопје, но и тоа почина при транспортот. Засега бил извршен вонреден инспекциски надзор во битолската Болница и на Клиниката за детски болести во Скопје, како и во приватната здравствена установа „Д-р Тони“ во Битола.

За еден месец ова е четврти случај на починато бебе во нашите болници или при транспортот во Скопје. Освен овие 2 случаи претходно починаа 9 месечно бебе во Охрид и 7 месечно бебе од Вевечани во специјалната охридска болница  „Св. Еразмо“. Сите случаи се под истрага.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи