Прекин на вода од Студенчица, опфатени се повеќе населени места во општина Крушево

Денес ќе има прекин на вода во населените места во општина Крушево кои се снабдуваат со вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица поради дефект на територија на општина Прилеп.

Населените места Пресил, Св. Митрани, Врбоец, Норово, Алданци, Саждево, Јакреново, Борино и Белушино ќе имаат прекин на вода поради дефект на територија каде што Студенчица обезбедува вода. Дефектот се наоѓа во Прилеп, но водоснабдувањето за крушевските села ќе биде целосно запрено, односно за целосната територија која ја покрива водоснабдителниот систем.

„Утрово добивме известување од Студенчица дека ќе работат на дефект во општина Прилеп и водата ќе биде во прекин се до надминување на проблемот.“, велат од ЈП „Комуна“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи