Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт во скопската населба Кисела Вода е извлечена и има повреди.
И покрај првичните информации дека со имало и пациент, сепак во лифтот била само медицинската екипа, бидејќи екипата била на констатација на смрт.
Инаку лифтот паднал од приземје во подрум. Во моментот на падот во лифтот биле најмалку 4 лица, од кои дел се повредени.