Александар Јанев е нов директор на Бирото за јавна безбедност

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на м-р Сашо Тасевски.

На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани.

„Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност на информациите. Непоколеблива борба против корупцијата, со транспарентност и отчетност, со што ќе ја подигнеме довербата на граѓаните во полицијата“, потенцира директорот Јанев.

Директорот Јанев нагласи дека мотото под кое ќе работи ќе биде: Ред, закон, интегритет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи