Денеска беше изгласан ребаланс на Буџетот за 2024 година, ребаланс каде беше зголемен основниот буџет за 47 милиони денари, од каде 27 милиони денари пренесени по основ на дотации по основ на ДДВ и 20 милиони пренесени вишоци од претходна година, истакна новата претседателка на Советот на Општина Прилеп, по денешното завршување на 44 седница на Советот.
„Она што го опфати исто така овој ребаланс е обезбедување на средства во висина од 18 милиони и 100 илјади денари за исплата на развојниот проект, односно цевководот во Канатларци и со тоа можеме да кажеме дека е завршена реализацијата на овој развоен проект.
Исто така беа изгласани предлог програмите кои произлегуваат од секторот за урбанизам, како и тоа што беше донесена одлуката за субвенционирање во максимален износ од 5.000 денари за набавка на велосипеди, нешто што и во минатите години сме го практицирале како локална власт, се покажа дека има позитивни ефекти и граѓаните тоа го очекуваат и еве повторно оваа година, затоа што истото е вградено во Буџетот за 2024 година, но поради Законот кој пропишува да има мирување поради парламентарните избори, еве сега ја носиме оваа одлука за субвенционирање на велосипеди. Како што реков тоа ќе биде во висина од 5.000 денари и во понеделник веќе ќе биде распишан повикот од страна на локалната самоуправа Прилеп и ги повикувам сите граѓани кои имаат интерес за купување на велосипеди да аплицираат на истиот.
Сакам да потенцирам дека во рамките на обезбедувањето на средствата со овој ребаланс се обезбедија и средства за субвенционирање на јавните комунални претпријатија со цел тие да можат редовно и нормално да ги обавуваат нивните активности и услуги кои ги прават кон Општината. 20 милиони денари се обезбедени за ЈКП „Комуналец“, 1 милион денари за ЈКП „Пазари“ и 2 милиони за ЈКП за ПУП“, истакна Стерјоска Локвенец.