Како претседателка на Советот на Општина Прилеп во иднина со чесност, посветеност, работа и пред се почитувајќи ги законите, Законот за локална самоуправа, Деловникот на Општина Прилеп и Статутот на Општина Прилеп, како и сите други закони кои се дел од актите и одлуките кои ги носиме при самиот Совет, можам да кажам дека ќе наметнам еден засилен тек на активности, со цел проектите кои ги имавме ветено во 2021 година да можиме да ги доведиме во една крајна фаза, а поголем дел се надевам дека ќе ги видиме и целосно реализирани, истакна денеска новата претседателка на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец.
„Она што го кажав и во мојот говор е тоа што јас како долгогодишен советник во Советот на Општина Прилеп, а еве и две и пол години во рамките на овој совет, навистина имам увидено некои работи, посебно во рамките на урбанизмот кои сметам дека можат да дадат многу поголем резултат доколку многу повеќе се вложи во тој сектор, со цел Општина Прилеп да има поголем економски бенефит, или со други зборови јас како што велам да обезбедиме сигурни финансиски средства за Буџетот кои ќе произлегуваат токму од урбанизмот. Јас верувам дека и нашите сограѓани, посебно бизнис секторот очекува заживување на убранизмот и мој фокус и предизвик во овој мандат од година и половина како претседателка на Советот на Општина Прилеп навистина ќе биде да го заживееме урбанизмот и да ги видиме ефектите од истиот“, рече Стерјоска Локвенец.