ВИДЕО – „The Four“ ја започнаа втората сезона на манифестацијата „Од 0 до Култура“ во Прилеп


Во организација на „Прилеп Култура“ синоќа во центарот на градот, на Камената бина, започна второто издание на манифестацијата „Од 0 до Култура“. Овој проект е замислен за елементарно музичко и културно описменување на граѓаните на Општина Прилеп, како и презентација на млади музичари како од Прилеп така и од Македонија. Учесниците на проектот подготвуваат тематски вечери посветени на некоја група или познат пејач.

„На задоволство на сите прилепчани, па и нас како организатори еве сме денес да го започнеме овој настан, проектот „Од 0 до култура“, со првиот бенд The Four. Од лани Општината издвои одреден број средства кои се најдоа во програмата за култура за овој проект, предложен од наши сограѓани и на задоволство прифатен од страна на Општина Прилеп. Целта на овој проект е да им се овозможи на младите, а и на веќе етаблираните бендови една сцена, Општината ќе обезбеди озвучување, осветлување, простор и еден скромен хонорар за да има една забава во летните месеци, односно за време на школскиот распуст.

Лани беше идејата трибјут вечер постветена на некој пејач или група, дали и годинава останува тој концепт?

Останува концептот, покрај тоа што сакаме да им обезбедиме една сцена, една промоција на бендовите, сакаме и да влијаеме на публиката, посебно на најмладите луѓе со квалитетна музика, затоа што музиката е главен фактор во оформувањето на една личност“, истакна Снеже Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Овогодинешното изадание на манифестацијата го отвори прилепскиот бенд The Four кој што се претстави со песни од групата Меморија и Каролина Гочева, но публиката имаше можност да се забавува и на други светски познати рок и поп хитови.

Па искрено да кажам голема благодарност до Општината, ова е втора година по ред и за прилепските бендови е многу добар начин за преставување тука на бината и цело лето да ни биде исполнето тука во Прилеп, секој четврток ќе има трибјут на некој бенд, пејачка или пејач и да се слуша и свири квалитетна музика.

Што ќе има можност денеска публиката да слушне?

Денеска ние правиме трибјут на Меморија и Каролина Гочева, можеби ќе има и некои светски познати песни, како и наши.

Како дојде идејата баш токму Меморија?

Морам да кажам дека нашиот гитарист од оваа година е и член на култната група Меморија, правевме муабет, тие се култна група и решивме да направиме нивни трибјут“, изјави Даниел Павлоски, The Four.

 

Исто и мене ми е голема чест што по втор пат настапуваме на овој одличен настан организиран од страна на Општина Прилеп. Каролина како наша поп принцеза мислам дека заслужува да обработиме некои постари теми, кои се надевам дека публика ќе ги препознае. Дел од нив ќе ги знаат и ќе ги пееме заедно, а дел од нив сега ќе ги научат вечерва и се надевам дека ќе си поминат одлично.

Лани овој настан беше една од главните, ако не и единствена забава што се случуваше тука во Прилеп. Колку овие настани се потребни да ги има во градот?

Апсолутно се потребни, Прилеп има народ за култура, Прилеп има народ што сака да слуша квалитетна музика, за среќа тука ги имаме нашите организатори кои го препознаа тоа, има публика за секој вид на музика, а има и бендови кои можат да понудат стварно квалитетна музка. Така да дефинитивно сигурна сум дека секој четврток овој настан ќе биде се попосетен и попосетен. Ние ја имаме честа да го отвориме, па се надевам дека ќе имаме добра среќа и со десна нога ќе влеземе во овој проект“, вели Теодора Зероска Тодороска, The Four.

Овој проект е планирано да трае се до почетокот на септември, односно секој четврток на Камената бина во Прилеп на плоштадот Александрија ќе има забава за сите генерации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи