Во ЦУК е добиена пријава за одрон на коловоз на патен правец Прилеп кон Кавадарци, поточна локација пред село Дреново, помеѓу тунелот и село Дреново.
Одронот е на двете коловозни ленти и преставува голема опасност за учесниците во сообраќајот.
Опасноста ја пријавил случаен минувач.
Регионалниот ЦУК Велес информираше дека веднаш известиле надлежните служби да излезат на терен, да ја увидат состојбата и да го отстранат проблемот, конкретно Македонија пат, при што дека истите известија до ЦУК дека ќе испратат итно екипа за расчистување на патот.
143