Денеска во Битола започна Балканското првенство во џудо за помлади пионери-ки кое е во организација на џудо Федерацијата на Македонија, а на кое учествуваат околу 420 натпреварувачи и над 100 стручни лица (тренери, судии и останати комисии) од 11 држави (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и домаќинот Македонија).
Првенството се одвива во Спортската Сала „Боро Чурлевски“ каде се подготвени 4 борилишта. Погледнете како се одвиваше дел од денешниот прв ден од Балканското првенство, кое продолжува и утре. Влезот во салата е слободен.