Извесен Изет Шулку, албански државјанин, пред два дена со група планинари го отстранија македонското знаме од највисокиот врв во Македонија, Кораб, кое го поставија учениците од географската секција „Млади ентузијасти“ при ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп, при нивниот подвиг за искачување на највисоките врвови во Македонија и со тоа практично запознавање на географијата во Македонија.
„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.
KORABI eshte i Shqiperise 🇦🇱dhe flamuri maqedons nuk ka vend aty.Ndiqeni vidjon👇.
Posted by Izet Shulku on Saturday, June 29, 2024
На врвот Голем Кораб кој припаѓа на Националниот парк Маврово стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така и неа ја искина и фрли.
Засега нема реакции од македонските власти за оваа дрска провокација на групата албански планинари кон македонскиот државен симбол.