Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ

Facebook
Twitter
Email
Print

На вчерашните внатрепартиски избори Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ.

„По завршувањето на гласањето во 20:00 часот од вкупно запишаните и 95% обработени,  можеме да соопштиме дека Венко Филипче има 9052 гласа, Александар Бајдевски 905 гласа, Јован Деспотовски 2705 и Славјанка Петровска има 190 гласа. Неважечки се 174. Конечните резултати ќе ги објавиме во рок од 48 часа, согласно роковниците штом помине рокот за приговори и жалби“, изјави претседателката на ЦИК во СДСМ, Викторија Аврамовска – Мадиќ.

Веднаш потоа со свој став излезе и новоизбраниот претседател на СДСМ кој истакна дека овие избори докажаа дека СДСМ има демократски капацитет и дека во партијата владее високо ниво на професионализам.

Филипче им честита на своите сопартијци кои беа дел од изборната трка, а од срце им се заблагодари на членовите за нивната поддшка.

„Оваа победа за мене претставува огромна одговорност кон вас членовите на СДСМ, кон сите граѓани и кон нашата држава. Вечерва во СДСМ победи професионализмот, емпатијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Моја цел е да ги „вбризгам“ во СДСМ принципите кои ме водат во мојот личен и професионален живот. Принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација се оние кои ќе ја одликуваат СДСМ под моето раководство.

Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа. Малку имаме за славење. Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо ниту лесно. Но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите освен да напаравиме вистински темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме ниту да бидат половични. Граѓаните и нашите членови тоа ќе го препознаат и нема да ја вратат довербата. Промените мора да бидат вистински, искрени и пред се истрајни, за да може полека но сигурно да ги освојуваме срцата на граѓаните. Ако успееме во ова, силно верувам дека СДСМ ќе се врати уште посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок“, рече Филипче.

Воедно, Филипче додаде дека СДСМ ќе биде силна опозиција и со сите сили ќе се бори против лошите политики на новата власт ќе биде коректив во општеството.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи