ВИДЕО – За малку ќе се пеплосаше старата прилепска чаршија, пожарите на отворено во Прилеп зголемени за 300%, недостасуваат пожарникари


За влакно избегната огромна катастрофа во Прилеп. Брзата интервенција на екипата на ТППЕ Прилеп утринава спречи целосно да биде пеплосана старата прилепска чаршија знаејќи дека сите дуќани се стари и се залепени еден до еден. За многу кратко време беше изгаснат пожарот на еден од дуќаните. За само еден месец исто така бројот на пожари на отворено е зголемен за 300% за разлика од јуни 2023, а пред 2 дена кај месноста Заград позади Марковите Кули се случи огромен пожар кој претставуваше опасност и за манастирот Трескавец и за сите околни викендици.

„Најчесто овие пожари на отворено се од подметнати и несовесни граѓани кои од невнимание мислат дека го контролираат тој пожар на отворен простор, но тие пожари се доста специфични затоа што тие пожари со малку ветар се прошируваат и се доведуваат самите тие што го палат тој пожар во опасност и после бараат пожар од нас, каде што знаеме дека за неколку минути тој пожар со брзина на ветар можи да се прошири и да биде опасност и за објекти и за населено место и за се“, вели Кристијан Момироски, команндир на ТППЕ Прилеп.

Поради овие состојби денеска во Општина Прилеп се одржа и Кризен штаб каде беше нагласена потребата од итно ажурирање на списокот на обучени лица кои во итни случаи би помогнале при гаснење на пожари на отворено и спречување на палењето на стрништа, преку легитимирање на лица кои се движат во поле или шума и в заемна соработка со околните општини за заедничко делување затоа што бројот на прилепските пожарникари во моментов не е доволен.

„Лани од вкупниот број на интервенции на отворен простор 70% беа во Општина Долнени, значи треба да се вклучи и дел од месно население, дел од јавни претпријатија, да се дава било каква помош затоа што нашиот број не е доволен за најголема територија на Македонија која ја покриваме ни се потребни и бројка на луѓе којја ќе се надополни како лани и преклани со сезонски пожарникари, се надеваме на некоја набавка на возила преку некои проекти“, додаде Момироски.

Уште еднаш беше упатен и апел граѓаните да не палат оган на отворен простор поради опасноста по имотот и животите на граѓаните во Општината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи