Група македонски планинари го вратија знамето на највисокиот планински врв на Македонија, Кораб, откако претходно беше објавено видео на кое се гледа како извесен Изет Шулку од Пешкопеја, албанска област Дебар го симнува државното знаме.
Планинарите се искачиле на врвот и го ставиле знамето на Македонија, а во постот на социјалната мрежа на Инстаграм е посочено: „Македонија секогаш имала храбри синови!!“