На 03 и 04 јули на територијата на општина Прилеп ќе се спроведува теристичка дезинсекција

Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека на ден 3ти и 4ти јули, 2024 година (среда и четврток), во периодот од 07:00 до 13:00 часот на територијата на општина Прилеп, екипи од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведуваат првата фаза теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекција ќе бидат опфатени водени површини, т.е. места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течение на градска река, делови на Дабники канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи