Денеска градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, одржа состанок со општинскиот Кризен штаб за состојбата со пожарите во општина Прилеп.
На средбата беа потенцирани насоките и координациите за брзо, ефикасно и навремено спречување на пожарите на отворено и во урбаните средини, како и за важноста од синхронизирање и координирање на сите релевантни институции за спречување, превенција и заштита од пожари на територијата на општина Прилеп.
Беше констатирано дека под итно е потребно ажурирање на списокот на обучени лица кои во итни случаи би помогнале при гаснење на пожари на отворено и спречување на палењето на стрништа, преку легитимирање на лица кои се движат во поле или шума и в заемна соработка со околните општини за заедничко делување и дека надлежните институции се подготвени.