Македонското малцинство подготвува декларација за непризнавање на резултатите од пописот во Албанија

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонското малцинство, заедно со други малцинства кои живеат во Албанија, најавија заедничка декларација со која ќе објават непризнавање на резултатите од пописот во земјата, и ќе побараат нов попис. Ова го најави Васил Стерјовски, претседател на македонската партија во Албанија, МАЕИ.

„Подготвуваме заедничка декларација задно со претставниците на грчкото, влашкото и другите малцинства со која не ги признаваме пописните резултати. Во неа ќе наведеме цврсти докази дека истите се фалсификувани, чиста манипулација. Ќе ја доставиме до сите државни и меѓународни институции“, изјави за МИА, Васил Стерјовски.

Партијата и другите македонски здруженија веќе се изјаснија дека не ги признаваат резултатите, а тоа го направија и здруженијата на Грците.

Според пописот во оваа земја живеат 2.281 лица што се декларираат како Македонци, што е за повеќе од половина помалку споредено со пописот во 2011 година. Според македонските претставници во оваа земја живеат над 100 илјади Македонци, главно концентрирани во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а со илјадници ги има во Тирана, Елбасан, Драч и други градови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи