Укинатите возови од Скопје за Битола повторно во функција, младите и пензионерите ќе се возат бесплатно

По речиси една година откако беа укинати по два воза дневно на релација Скопје – Битола – Скопје, ЈП „Македонски железници“ ги враќа истите линии на поаѓање и доаѓање. Исто така, повторно се враќа бесплатното патување за младите и пензиониерите со воз, пракса што беше прекината за време на пандемијата со Ковид-19.

Укинувањето првично се случи во октомври минатата година, каде што се укинаа по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, и остана само еден пар возови дневно. Во меѓувреме Железница набавуваше резервни делови за сервисирање на кинеските дизел локомотиви кои собрааќаа на оваа дестинација.

Според новата одлука на Владата од пред 10-тина сите млади лица до 27 години, студенти и средношколци секоја прва и трета недела во месецот за време на викендите ќе можат бесплатно да го користат железничкиот превоз кон сите дестинации во државата каде што има воз. Исто така, за пензионерите, односно за сите жени над 62 години и мажи над 64 години оваа мерка ќе важи секој втор викенд во месецот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи