Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ, најави период на обединување и реформи

Facebook
Twitter
Email
Print

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.

Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ. Филипче пак, се заблагодари на честитките како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.

Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.

„Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок“, рече Филипче.

Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи