Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во своето гостување во емисијата ,,Претрес со Ландов”, го повика гласачкото тело на СДСМ да се приклучи кон Левица.
„Ние имавме една герила – акција на Црвена младина со која се обративме до гласачкото тело на СДСМ. Бујрум за сите чесни членови на СДСМ, затоа што Левица го носи пламенот на АСНОМ, сакале тоа да го признаат или не“ истакна Апасиев.
Црвена младина ја испрати пораката со истакнување на транспарент со натпис: ,,Другари, вратите во Левица ви се отворени!”
„ Треба да правиме разлика под таа комуњарска номенклатура, којашто била како бубрег во лој уште од времето на Југославија. Тоа ви се династиите: овие кои ги имаме ние на УКИМ каде сè нивните се најдобри, нивните за сè ги бива, ама не се сите дека ги бива. И таа номенклатура е преточена подоцна во СКМ-ПДП и подоцна во СДС. Додека оние луѓе кои се левичарски настроени, кои се анти – ВМРО, кои се анти – десничари и таа некоја класа, средна до некаде висока – средна класа, едноставно, остана незастапена, затоа што местото нивно во СДС го земаа бизнисмените“, дообјасни Апасиев.