Премиерот Христијан Мицкоски денес истакна дека буџетот е во катастрофална состојба и дека минатата влада ја уништила државата, или како што се изрази како „тајфун“ да поминал низ државата минатите 7 години.
„Каков е буџетот, прашање е како ќе се исплаќаат сегашните обврски. Тајфун поминал низ државата во изминатите седум години и целосно е уништена. Сe надевам дека во скоро време ќе седнеме со синдикатите и да им ги покажеме бројките, а бројките се катастрофални. Ако ви кажам дека недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите, настрана ова кое претставува зголемување дополнително, може да разберете за што станува збор. Но, ќе се бориме сето тоа да го реализираме“, рече Мицкоски.