ВИДЕО – Се реконструираше и догради делницата низ село Борино



Општина Крушево со несмалено темпо продолжува со реконструкција на патната мрежа. Нема населено место каде што не се градат нови патни делници. Општината претставува едно големо градилиште, информираат од Крушево.

„Последно комплетно се реконструираше и догради делницата која поминува низ селото Борино. Должината на новиот пат е 1.149 метри. По должина на трасата решено е и одводнувањето на патот со соодветно зафаќање на атмосферските води. Со тоа во иднина ќе се спречи оштетување на новиот асфалт. Новата инвестиција ќе значи поголема безбедност за пешаците и подобра проодност за возилата. Се подобрува квалитетот на живот за сите граѓани“, велат од Општина Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи