Дом за нега на стари лица „Сувенир“, Самоков – во најеколошката средина, во срцето на Македонија


На надморска височина од 600 метри, во селото Самоков во Поречието, Општина Македонски Брод, започнува со работа новиот Дом за нега на стари лица „Сувенир“. Домот се наоѓа во најубавата и најеколошка средина во државава. Домот ги исполнува највисоките стандарди за чување и нега на стари и изнемоштени лица со 24 часовен надзор на медицински тим составен од лекар, медицински сестри и негуватели. Домот се наоѓа на само 30 км. од Македонски Брод, а е оддалечен само по 60 км. од Скопје и Прилеп.

Нашата мисија е да се погрижиме дека секој што ќе дојде во „Сувенир“ ќе се чувствува како дома! Тука нашите штитеници можат да добијат привремен или постајан престој. Односно освен постојаниот престој карактеристичен за другите вакви установи во држава, ние нуди и можност доколку во одреден период не сте можност да ги чувате вашите најмили, одите на одмор, патувате во странство или поради други причини не сте дома, можете лицата од трето доба да ги оставите кај нас колку денови и да имате потреба. Исто така, како една од нашите уникатни услуги кои ги нудиме како Дом, е тоа што еднаш неделно може да ги посетите вашите најблиски, а ручекот за целата фамилија при посетата е на трошок на Домот“, велат од Домот за нега на стари лица „Сувенир“.

 

 

Секоја од собите има сопствена тераса и сопствена бања, со цел да се зачува приватноста, а собите располагаат и со ТВ и интернет. Домот располага и со сопствена кујна каде органската исхрана ќе биде адаптирана во согласност со потребите на корисниците.

 

 

 

 

Објектот располага со прекрасно уредени двор и тераса за заедничко дружење на штитениците, а согласно физичките и психичките способности на корисниците на услугите на Домот ќе бидат организирани екскурзии, прошетки, риболов и други разни активности низ Поречието, а за оние кои ќе сакаат времето да го поминуваат во Установата тука се секако одлично опремените катчиња за дружење и заедничко поминување на времето на штитениците, преку играње билјард, пинг-понг, табла, шах и други занимливости…

Грижата за вашите најблиски препуштете ја во сигурни и професионални раце!!!

Контакт телефон: 070-999-667.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи