Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, препорачува Институтот за јавно здравје.
УХМР денеска соопшти дека продолжува периодот на сончево и многу топло време. Дневната температура ќе биде и над 30 степени, наместа и повеќе од 40 степени.
Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.