Општина Прилеп воведува нов телефонски број за пријавување на дефекти и проблеми



За ефикасно и брзо делување Општина Прилеп воведува нов телефонски број на кој што граѓаните можат да ги пријавуваат сите настанати дефекти и проблеми со кои што се соочуваат на територијата на општина Прилеп. Исто така повторно во функција е алатката на веб страната ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ на следниов линк:

https://www.prilep.gov.mk/prijaviproblem/

Досега функционираше пријавувањето на дефекти во приемното одделение и на посебни телефони за секој дефект, а ова се само дополнителни и поедноставни можности на еден телефонски број или со неколку клика на веб страната да се пријави се што претставува проблем за нашите сограѓани. Секој работен ден од 09-15 часот на телефонскиот број 075/385-705.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи