Lockdown со трибјут на Прљаво Казалиште вечерва на Камената бина во Прилеп

Ако сакате да се забавувате на Crno bijeli svet, или на цел глас да ги пеете Mi pleshemo и Sve je lako kad si mlad тогаш Камената бина во Прилеп е вистинската дестинација за вас. Lockdown бенд ќе ве пречекаат во 21 часот и ќе ве забавуваат се до полноќ.

Lockdown е бенд,основан во 2020. Поставата е менувана многу пати, а за оваа сега се вели дека е најдобра, Нена Тодороска на микрофон, Кирил Младеноски на гитара, Михаил Грашкоски на тапани и Димитар Јованоски на клавијатури. Млади, надежни, талентирани, препознатливи по своите акустични свирки на ex-yu музика, каде можете го слушнете и Здравко Чолиќ, ама и Прљаво Казалиште,Зана итн. Некои овие хитови ќе ги вратат во младоста, а на некои ќе им бидат одлична можност за да ги слушнат во живо. Добар репертоар, пред се разновиден, кој ќе ве потсети на поголемиот дел на ex-yu хитови, од сите безвременски бендови, а и ќе ви прелета по некој англиски хит.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи