Традицијата за одржување на Фестивалот на пивото продолжува и се разбира одбирањето на датум или викенд е во контекст на тоа дали постојат пред тоа или после тоа верски празници, со она со кое се судруваме како население кое ги почитува и верските празници, односно со постот, истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
„Воедно и организаторот сам понудува кој датум би го одбрал, така да стриктно традиционално да се придржуваме на ист датум или ист месец не мора да постои таа фама, но сепак и оваа година се надевам дека организаторот прекрасно ќе го организира и со негова понудена програма ќе одекне во Прилеп, независно од славењето на 100 години Прилепска пивара, да постои и Фестивалот на пивото. Конкретно за организаторот не можам да се сетам на целото име на продукциската куќа, а за термините се 9, 10 и 11 август. Локацијата е истата, пред фонтаната на Комерцијална банка, со прекин на сообраќајот на булеварот во тој дел“, изјави Јовчески.