„Не бегај од опера“ е концертот што ќе се одржи на 15 јули, понеделник, од 19.30 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“. На репертоарот ќе бидат дел од највпечатливите арии и дуети од оперите на Моцарт, Росини и Доницети.
Посетителите, велат од Центарот, ќе можат да уживате во патешествијата на итриот Фигаро и љубовните драми на Дон Жуан.
Настапуваат Елеонора Џоџоска (сопран), Мартин Димитриевски (бас), Аида Пипојан(сопран), а корепетитор е Галина Апостолова.