Во сообраќајна несреќа во долненско помеѓу трактор и автомобил повредени 4 лица

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека помеѓу село Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч.(44) од с.Дебреште и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В.(62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ж.В., а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч.(71), М.Ч.(74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи