Пожарот над с. Црнилиште е локализиран, активен уште еден крак кон с. Слепче

Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка.

Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Прилеп во која се наведува дека пожарот кој започнал на 13.07.2024 година во 22.30 часот, на сртот над с.Црнилиште, Општина Долнени, е локализиран во поголем дел. Активен е уште кракот од пожарот кон с.Слепче. Гори сува трева и ниска вегетација на непристапен терен и засега нема загрозени населени места. Во текот на денешниот ден ќе има податоци за зафатената површина. Интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилепо.

„Од 10.05 до 19.45 часот екипи од ТППЕ Прилеп повторно ќе излезат на терен во раните денешните часови. Известени се Општина Долнени кои што изјавија дека немаат екипа којашто би ја испратиле на терен. ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Црн Бор“од Прилеп исто така нема екипи за гасење на пожари“, велат од ЦУК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи