31 прекршок на мотоциклисти на територија на СВР Битола – 15 од нив во Прилеп

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчершниот ден (15.07.2024) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведе регионална акциска контрола за откривање на  прекршоци сторени од возачи на мотоцикли, при што преземени биле вкупно 31 мерка (16 на подрачје на Битола и 15 во Прилеп).

Исто така, при контролата откриени биле и 21 останати прекршоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи