Ексградоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија, Пратеничката Ане Лашкоска за екологија

Владата на денешната седница ги усвои имињата на новите заменик-министри и предлозите ги достави до Собранието каде треба да се изгласаат на собраниска седница. Нов заменик-министер за економија ќе биде ексградоначалникот на Прил Марјан Ристески, а за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски од Демократски сојуз, кој во владата на СДСМ беше заменик-министер за локална самоуправа. Пратеничката Ане Лашкоска ќе биде заменичка на министерот за животна средина и просторно планирање. За заменик-министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист, а во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини, кој завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на науки по Кинезиологија, вонреден професор.

За заменик-министер во  Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. За заменик-министер во  Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија.

За заменик-министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков, а во  Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Заменик на министерот во  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Мирослав Лабудовиќ, а во Министерството за земјоделство Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје.

Заменик на министерот за здравство ќе биде Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, кој од 2011 до 2017 година бил заменик министер за здравство. За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски кој беше министер во техничката влада. За заменик-министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими, додека за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

За заменик-министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Во  Министерството за транспорт заменичка-министер ќе биде Калтрина Зеколи Шаќири, а во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи