Затворен граничниот премин Богородица поради пожар на грчката страна од границата

Граничниот премин Богородица е затворен поради пожарот кој изби од грчата страна на границата, а во близина на граничниот премин Евзони. На местото на настанот излегле 22 пожарникари со 10 возила кои работат на гаснење на пожарот, додека хеликоптер исфрла вода од воздух.

Од македонското МВР известуваат дека во моментов сообраќајот преку граничниот премин е во прекин и се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот.

„По неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран“, се вели во пораката на МВР до граѓаните.

AMСМ објави дека возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи