Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески успеа да освои бронзен медал на Европското првенство во билјард во категоријата инвалиди во колички во дисциплината осумка.
Владимир Ѓорѓиески е дел од македонската експедиција која се натпреварува на Европското првенство во билијард, а фактот што играше меѓу првите понатаму доведе и до убавата вест дека успеа да испише историја и да освои бронзен медал во дисциплината „осмица“.
„Авантурата наречена Европско првенство во билијард е успешно завршена со медал. Голема благодарност до БФСМ која ме испрати на ова првенство и на сите билијард играчи во Македонија“, напиша Ѓорѓиески на социјалните мрежи.
Ѓорѓиески стана првиот Македонец кој освои медал на Европско првенство во билјард и до него стигна заслужено со одлична игра во текот на турнирот. На првенството настапи и Христо Василевски, но тој не стигна до разигрувањето.